Шик француски стан со смели детали

Точка

13/02/2018

14:50

1.330

Големина на фонт

а а а

Не постои ништо лошо во декорирањето на станот или куќата, почнувајќи од мебелот па сè до минималистичките детали кои допринесуваат за целосен беспрекорен дизајн, онаков каков што Вие посакувате. Овој шик стан е во срцето на Париз, кој плени со безвременскиот стил и со гордост ги претставува модерните црно - бели цветни тапети, гарнитури во ретро стил на 60 - те, класични парчиња на дрвен мебел, модерно светло и класичен камин.

Во овој француски стан, кој е олицетворение на стилот, можеме да забележеме простори со шик нијанса на беж боја и простори кои имаат темно сиви ѕидови. Контраста на светлината и темнината кои се претходно наведени, беше важен потег, кој навистина им се допаѓа на оние кои не се плашат барем малку да ризикуваат со боите. 


За да креирате илузија на поголем простор, секоја соба има декоративно златно огледало, поради кое просторот би изгледал пространо отколку што навистина е.


Доколку се препознавате во оваа приказна за смелост и храброст, обидете се сами да дизајнирате стан како овој, пронаоѓајќи инспирација во неговите дизајнерски елементи. Се надеваме дека нема да се покаете.




Спонзорирани линкови

Маркетинг