Биткоинот ја уништува оваа мала држава: Струјата е евтина, а сите сакаат да "копаат"

Точка

13/02/2018

14:42

4.858

Големина на фонт

а а а

Исланд се соочува со експоненцијален раст на потрошувачката на енергијата која се користи за копање на биткоини.

Потрошувачката пораснала до толку што е блиску да достигне количина на енергија која се троши за загревање на домаќинства. 

Исланд е популациски мал, има околу 340.000 жители, а последните години расте и бројот на компјутерските и центрите за податоци, кои се користат за копање на биткоини и други криптовалути.

Често ги градат компании сакајќи да ги искористат "зелените привилегии". Исланд речиси сите свои енергетски потреби ги подмирува од обновливи извори.

Во исландската електроенергетска компанија "HS Orka" се загрижени бидејќи постојат најави за изградба на нови центри и има бројни заинтересирани клиенти, а капацитетите на електроенергетската мрежа не може да поднесе такво оптоварување.

Ако се изградат сите најавени проекти, Исланд нема да има доволно струја. Исто така, вкупно потребните 840 GWh електрична енергија за овие центри ќе надминат околу 700 GWh, кои годишно се трошат во сите исландски домаќинства.

Противниците наведуваат дека користа која Исланд ја има од изградба на центрите за копање на биткоин се занемарува бидејќи таа работа речиси и да не бара работници, малку се оданочува и на крајот државата не добива речиси ништо, а завршува со исцрпена енергија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг