Ставре Јада потфрли при својот прв настап во Пјонгчанг

Дерби

13/02/2018

14:30

567

Големина на фонт

а а а

Првиот македонски учесник на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг 2018, Ставре Јада не се прослави со својот настап.

Тој од вкупно 80 натпреварувачи успеа да заврши на 79. место и мина на целта со заостанување од една минута и 15 секунди позади првопласираниот Финец Ристомати Хакола. Кинезот Сун Кинкаи му ја спаси честа да не заврши на 80. место зошто беше дисквалификуван.

По се изгледа Јада се натпреварувал со пораката од славниот татко на Олимписките Игри и на Олимпиското движење, Пејр Кубертен, кој вели дека не е важен резултатот, важно да се учествува.

Јада својот следен настап го има во петок на трката на 15 километри, а сигурно и самиот ќе сака да се обиде да постигне подобар резултат од денешниот, со цел да го поправи впечатокот од денешната трка која ја заврши последен меѓу натпреварувачите кои ја минаа целта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг