Фудбалерот кој ја доживеа најтешката повреда во Премиер лигата стави крај на кариерата

Дерби

13/02/2018

14:27

1.229

Големина на фонт

а а а

Рајан Мејсон во јануари минатата година имаше ужасен судир со Кејхил по кој мораше да му биде правена операција на черепот, а цели 12 месеци по направената хируршка интервенција и по безброј совети дадени од врвни лекари, за жал, фудбалерот на Хал одлучи да стави крај на својата играчка кариера.

Англискиот клуб со големо разочарување соопшти дека Мејсон прерано става крај на својата играчка кариера, како последица на тешката повреда за која му било препорачано, односно забрането повторно професионално да се бави со фудбал.

– Со длабоко жалење, клубот мора да информира дека поради повредата на главата која ја заработи на 22 јануари 2017 година, Рајан Мејсон мора да стави крај на играчката кариера. Рајан беше подложен на прегледи од бројни и реномирани невролози и неврохирурзи, а сите тие го советуваа дека враќањето на фудбалските терени не е препорачливо. Рајан испрати благодарност до клубот кој му помогна до овој степен на рехабилитацијата и е искрено благодарен за поддршката која ја доби во изминатите 12 месеци, – се вели во соопштението на Хал со кое стана јасно дека 26-годишниот играч за врска прерано ја завршува својата фудбалска бајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг