На 12 години започнала да гледа порно филмови и многу брзо станала зависничка од секс!

Точка

13/02/2018

21:54

11.291

Големина на фонт

а а а

Ерика Гарза е жената која поминала доста необично детство. Таа пораснала во старо католичко семејство, па израснала до бунтовничка и девојка која била зависна од секс. Денес е сопруга и новинарка.

Имала само 12 години кога го изгледала првиот порно филм и многу брзо се навлече на порнографија. Од гледање, многу брзо преминала во "пракса", па со 17 години почнала да организира секс забави неколку пати неделно, понекогаш и четири пати во седум дена. 

За своите искуства и зависности ја напишала книгата "Getting off", во која открива дека нејзиниот сопруг ѝ бил најдобра поддршка.


"После долги години секс со различни мажи, често непознати мажи, бев збунета, очајна, уништена. Моите методи да имам секс стануваа сè помрачни и поинтензивни", напишала во книгата каде истакнала дека нејзините сексуални навики започнале додека се обидувала да се вклопи во друштвото во средно училиште.

Бидејќи била на "средина на срам" поради тоа што носела протеза на половината, пронашла утеха во гледање филмови за возрасни. Бидејќи технологијата напредувала, гледала што и како сакала.


Таа кажува дека го гледала и порно видеото на Памела Андерсон и Томи Ли во 1997 година, кога Ерика имала само 15 години.

"Со компјутерот ќе се сокриев во гардероберот, а дополнително задоволство имав поради фактот дека некој може да ме фати на дело", вели Ерика.


Во еден момент Ерика започнала да го "губи компасот", имала сè повеќе секс и се префрлила на "hard" секс со повеќе мажи кои доминираат и ги понижуваат жените. Се преселувала, бегала, но за неа немало помош.


На едно од нејзините многубројни патувања, на пат за Бали го запознала својот сегашен маж кој сосема ја променил. На почетокот заедно гледале порнографија, а тој барал од неа да му каже зошто таа е толку опседната со тоа. 

"За прв пат почувствував некоја сигурност, бидејќи никој досега не ми пристапил на таков начин", вели таа.

Потоа во Лос Анџелес отишла на лекување. Таа не покажа резултати веднаш, но нејзиниот сопруг бил трпелив, а јогата и психотерапијата засекогаш ја повелекле од светот на порнографијата. Сега понекогаш гледа филмови сама, но вели дека тоа е само два пати годишно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг