Кај овој остров во Егејското море за малку ќе избиела војна: Сега се судриле бродовите на грчката и турската крајбрежна стража и ги разбудиле духовите на минатото

Точка

13/02/2018

13:13

4.123

Големина на фонт

а а а

Двете пловила се наоѓале во близина на ненаселениот остров кој на грчки се вика Имија, а на турски Кардак.

Грчките власти соопштиле дека патролното возило на турската Крајбрежна стража удрило во брод на грчката Крајбрежна стража во близина на островот во Егејското море, околу кој двете земји за малку ќе почнеле војна во 1996. година, пренесува "AP". 

Се наведува околностите околу инцидентот кој се случил вчера околу полноќ се нејасни.

Двете пловила се наоѓале во близина на ненаселен остров кој на грчки се вика Имија, а на турски Кардак, за кој овие земји тврдат дека припаѓа на нивната територија.

AP наведува дека тензиите на тоа подрачје се високи откако двете држави, кои се членки на НАТО, дошле на раб на војна околу тамошниот остров.

"ANA" претходно објавила дека турско пловило удрило во брод на грчката Крајбрежна стража во близина на Имија.

Грчката агенција навела дека нема извештаи за повредени и пренесува дека турското пловило е префрлено на грчкиот остров Лерос за поправка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг