Ова се најдобрите надворешни базени на планина за максимално уживање

Точка

13/02/2018

10:51

3.580

Големина на фонт

а а а

Опкружени со планинските шуми и карпи, идеално вклопени во пејзажот, овие базени се вистински совршенство. Пливање во зима во надворешни топли базени е искуство кое се памети, особено кога сте опкружени со прекрасен пејзаж и снег. Во прилог Ви претставуваме 5 најдобри надворешни базени на планинте каде и оваа зима можете да се опуштите после напорниот ден на скијање.

Швајцарија - Хотел 7132 


Идеало место за одмор од брзиот живот каде конечно можете да одвоите време за себе. Минималистички хотел за одмор на душата и телото со термална купка и спа центар.

Италија - Хотел Алпин Панорама Хубертус


Во овој хотел главна атракција е базенот. Исто така, хотелот е еден од најпрепознатливите градби, а тоа е така бидејќи базенот е 25 метри и направен е од бетон со стаклено дно, а се издигнат е на речиси 12 метри.

Австрија - Хотел Шварцер Едлер Кицбуел


За да уживате во пливањето во големиот базен со подводни звучници, ќе мора да се охрабрите и да трчате малку низ снег, но сите знаеме дека тоа е уште повеќе корисно за телото.

Швајцарија - Хотел Вила Хонег


Велат дека овој хотел е најмалиот бутик хотел во Швајцарија, но тоа го прави да биде уште поинтересен. Топлата вода која секогаш е 34 степени и музика во позадина допринесуваат за воодушевување на спектакуларниот поглед.

Австрија - Аква Дом


Познатите термални води во австриските Алпи кои се наоѓаат две планини, чија архитектура го одразува локалниот пејзаж, Мека за обожавателите на алпските извори. Термалните води доаѓаат во хотелот од изворот кој се наоѓа на длабочина од 1.865 метри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг