Сопругата на синот на Трамп отворила коверт со бел прашок! Итно била префрлена во болница

Точка

13/02/2018

09:48

2.518

Големина на фонт

а а а

Писмото било адресирано до нејзиниот сопруг, Доналд Трамп Џуниор, но таа го отворила. Брачниот пар и натаму е на лекарски испитувања, но, засега се безбедни.

Ванеса, сопруга на синот на претседателот на САД, Доналд Трамп Јуниор, е префрлена во болница. Според првите информации, таа била итно пренесена во болница откако отворила коверт со бел прашок, пишува Sputnik. 

Таа отворила коверт кој пристигнал на адресата на Менхетн во околу 10 часот наутро. Внатре наводно имало неидентификуван бел прашок, наведуваат њујоршките власти.

Писмото било адресирано до нејзиниот сопруг, Доналд Трамп Џуниор, но таа го отворила. Брачниот пар и натаму е на лекарски испитувања, но, засега се безбедни. Тајната служба која го штити семејството на претседателот го истражува случајот со локалната полиција.

Три лице биле во апартманот на Менхетн, и сите поради претпазливост биле пренесени во болница, наведуваат од пожарната служба. Пожарникарите извршиле деконтаминација пред да ги пренесат загрозените. Засега, нема показатели дека станува збор за био-хемиски отров и никој не е повреден.

Прелиминарните резултати од истражувањето покажуваат дека во ковертот немало ништо сомнително, навел избор од њујоршката полиција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг