Дејвид Швимер или Рос од "Пријатели" сподели како ја воспитува својата ќерка, а тоа е пример за сите татковци

Точка

12/02/2018

20:13

4.192

Големина на фонт

а а а

Познатиот глумец Дејвид Швимер одлучи да сподели неколку совети со светот за тоа како ја воспитува својата ќерка. Причината за тоа е актуелната тема во Холивуд, сексуалното насилство. Оваа постапка беше поздравена од славните личности. Сето тоа го сподели во емисијата на Меган Кели, "Тудеј".


Имено, Дејвид снимил видео во кое главна тема на разговор е сексуалното насилство, а во емисијата открива интересни детали за животот и воспитувањето на своето дете, пренесува Поп Шугар. 


Тој истакна дека е многу загрижен поради сексуалното насилство врз жените и напоменува дека на оваа тема треба сè повеќе да се дискутира. Токму поради тоа, Швимер сподели неколку корисни совети кои ѝ ги кажал на нејзината ќерка.

"Ѝ кажувам на мојата ќерка дека мора да биде свесна дека се работи за нејзиното тело и дека тоа е нејзин простор. Сакам да знае дека секогаш мора да зборува и да се избори за себе кога нешто ѝ смета и кога се чувствува непријатно. Нејзината коса, нејзиното тело е само нејзино и таа одлучува за него", вели славниот глумец.

##

Watching rehearsal for BEYOND CARING @lookingglasstheatre in Chicago!

A post shared by David Schwimmer (@_schwim_) on

##

Дејвид сосема отворено и искрено ја раскажа случката која ѝ се случила на Клои во школо.

"Синоќа ми кажа дека во училиште некои поголеми момчиња ја допирале и по малку ја удирале по грбот. Се сврти и ми упати еден опасен поглед. Секако дека морав да реагирам. Ѝ реков дека следниот пат треба пристојно да им каже на момчињата дека тоа ѝ пречи и да ги замоли да престанат да го прават тоа или едноставно да побара повозрасна личност која ќе ѝ помогне", изјави Дејвид.




Спонзорирани линкови

Маркетинг