Шест филмски остварувања по препорака на Милчо Манчевски, за сите љубители на добрата кинематографија

Точка

12/02/2018

18:00

3.737

Големина на фонт

а а а

Го прашавме нашиот најпознат режисер и сценарист, Милчо Манчевски, кои шест филмски остварувања би ги одвоил како навистина посебни и вредни за гледање. Имено, тој ни предложи шест филмски наслови кои ги надополни со неколку збора со кои ги опиша овие остварувања. Нам многу ни се допаднаа предлозите и особено не заинтригираа, а се надеваме и Вам.

1. Goodfellas (1990) IMDB: 8.7 - „Радост, игра и виртуозност“

Хенри Хил е гангстер кој учествува во кражба, заедно со Џими Конвеј и Томи Де Вито, двајца други гангстери кои ги имаат поставено своите цели на малку повисоко ниво. Двајцата партнери на Хенри се подготвени да ги елиминираат сите кои се вклучени во кражбата, со цел полека но сигурно да се искачат на врвот на мафијашката хиерархија. На Хенри всушност и не му оди во прилог успехот на своите партнери. Прашањето е дали тој ќе реши да преземе иницијатива за да ги запре Џими и Томи? „Радост, игра и виртуозност“ се трите збора кои најдобро го опишуваат овој филм според Манчевски. 

2. Persona (1966) IMDB: 8.1 - „Толку многу, со толку малку“

Младата мединсцка сестра Алма, е одговорна за грижата кон Елизабет Воглер - актерка која навидум е здрава во секој поглед, но не зборува. Во времето кое тие го минуваат заедно, Алма постојано и зборува на Елизабет, но никогаш не добива повратен одговор. Алма ги открива своите тајни пред очигледно емпатичната Елизабет. Одговорите кои подоцна започнува да ги добива од Елизабет, Алма ги доживува како терапија за своите лични проблеми и почнува да ги користи во трансформацијата на својата личност, која се стреми да биде повеќе како Елизабет. „Толку многу, со толку малку“ - вели Манчевски.  

3. Dekalog (1989-1990) IMDB: 9.1 - „Систинска капела на кинематографијата“

Декалог е серијал од десет краткометражни приказни, креирани за Полската телевизија чија соджина се базира на Десетте заповеди. Режирани под палката на Кристоф Киесловски, два од овие филмови, Декалог 5 и Декалог 6, се пократки од другите. Едниот од кои ја обработува темата на убивањето, додека другиот ја разработува темата на љубовта. Овој серијал ја раскажува приказната на луѓе кои патат од емотивен немир и конфликтот кој настанува кога се судруваат нивните постапки по инстинкт и моралната одговорност која ја носат од друга страна. Манчевски вели дека овој филм е „Систинска капела на кинематографијата“. 

4. Happiness (1998) IMDB: 7.8 - „Тод Солонџ ќе го претера, па ќе направи уште три чекори“

Филм на Тод Солонџ кој елаборира за животите на повеќе луѓе меѓу кои: Една жена ја прекинува врската со нејзиното момче. Воедно, момчето мисли дека причината за нивното раскинување е неговата прекумерна тежина и неговиот изглед. Еден човек нема храброст да и признае на неговата соседка дека таа му се допаѓа. Една стара брачна двојка сака да се раздели, но не сака развод. Терапевт мастурбира на фотографии од тинејџерски магазин. Единаесет-годишно дете чувствува несигурност поради неможноста да ејакулира. Една жена е сигурна дека има се што и е потребно во животот.  

Животите на овие индивидуи се помешуваат на начин кој општеството би го осудил како очаен обид во потрага по конекција со други личности. „Тод Солонџ ќе го претера, па ќе направи уште три чекори“ - вели Милчо Манчевски за овој филм. 

5. Amadeus (1984) IMDB: 8.3 - „Премногу ноти, Моцарт.“ „А кои ноти би сакало вашето височество да ги ивадам?“

Антонио Салиери смета дека музиката на Волфган Амадеус Моцарт е божествена и волшебна. Тој посакува бар за момент да биде добар музичар каков што бил и Моцарт и да може да го слави Бог преку своите композиции. Ја започнува својата кариера како побожен човек чиј успех и талент како композитор се Божја награда за неговата религиозност. Тој се затекнува себе во голем шок, кога осознава какво вулгарно суштество е Моцарт и не може да разбере зошто Господ го дарувал со таков талент. Чувството на завист и љубомора го прави Салиери Господов непријател. Тој е подготвен да се одмаздува и на Моцарт и на Бог поради својата просечност кога станува збор за музиката. „Премногу ноти, Моцарт.“ „А кои ноти би сакало вашето височество да ги ивадам?“ - додава Манчевски низ две реченици за овој филм. 

6. Citizen Kane (1941) IMDB: 8.4 - „Кинематографијата се дели на пред и после Граѓанинот Кејн“

Група репортери се обидуваат да го дешифрираат последниот збор изустен од Чарлс Фостер Кејн, милионер и магнат, сопственик на весникот Rosebud. Филмот започнува со детални информации за животот на Кејн, презентиран пред народот. Оттука ни се прикажани инсерти за животот на Кејн низ минатото. Низ напредокот на истрагата на репортерите, гледачите го гледаат искачувањето и славата на човекот кој на крајот паѓа од врвот на светот. „После Кејн нема оправдување“. „Кинематографијата се дели на пред и после Граѓанинот Кејн“ - Вели Манчевски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг