Колаген: Како да ги намалите вишокот килограми и да го одржите телото во одлична кондиција

Точка

15/02/2018

09:29

3.495

Големина на фонт

а а а

Од сите протеини во нашето тело, најзастапен е колагенот. Тој се наоѓа во мускулите, коските, кожата, крвните садови, тетивите и дигестивниот систем. Овој протеин заедно со креатинот ја одржува кожата цврста и еластична, го создава сврзното ткиво и игра огромна улога кога станува збор за здравјето на нашиот организам.

Недостатокот на колаген го убрзува стареењето

Создавањето на колаген во нашето тело со годините се намалува. Всушност, поради недостатокот на колаген на нашите тела започнуваат да се појавуваат знаци на стареење: бори, висната кожа и болки во зглобовите. За намаленото производство на колаген постојат и други причини.

Некои од нив се: внесување на храна богата со шеќери, пушење и прекумерна изложеност на сонце. Истражувањата покажуваат дека болестите поврзани со недостаток на колаген најчесто се појавуваат поради комбинација на генетски оштетувања, недоволно внесување на храна која содржи колаген и проблеми со варење на храната.

За што се е потребен колагенот?

- за здравјето на кожата и нејзината еластичност
- за ноктите, косата и забите
- за зглобовите и коските
- за црниот дроб
- за кардиоваскуларниот систем
- за подобар метаболизам
- за јакост на мускулатурата и нејзина виталност


Колагенот е едно од базичните ткива, кое заедно со 'рскавичното и коскеното го формираат потпорното ткиво кое е распростането по целото тело. Овој протеин има низа различни улоги меѓу кои: поврзување на одредени коски и зглобови, ја поврзува кожната структура со мускулното ткиво, ги штити крвните садови и нервите, го создава површинскиот слој на одредени мускули и мускулни групи и прави изолација помеѓу одредени органи. Освен потпорна, колагенот има и нутритивна улога. Неговото присуство ја зачувува природната отпорност на организмот како и регенерација на истиот, бидејки колагенот учествува во обнова на сите органи.



Дали и како може да го надокнадите отсуството на колаген? 

Здравиот начин на живот, правилна исхрана и континуирана телесна активност можат да го ублажат губитокот на колаген и можните последици од истото.

Примената на исхрана богата со колаген ја успорува природната загуба на овој протеин. Внесувањето на колаген преку исхраната помага при слабеење, намалување на целулитот, формирање и зацврстување на мускулите, ја подмладува кожата, а исто така е од голема помош при олеснување на тегоби кај луѓе болни од артритис.


Еден многу лесен, ефективен и здрав начин на кој може да го внесете колагенот е преку производите на nuMe. Овој производ е нешто што и е потребно на секоја современа личност која се стреми кон трансформација во својот живот.

NuMe нутриционистичката програма е клинички докажана. Се состои од шест вкусни „all in one“ оброци, кои се консумираат во текот на денот. Оброците вклучуваат шејкови за слабеење, супи и штангли кои го содржат колагенот како основен елемент. NuMe е поволна за оние што сакаат да се ослободат од вишокот килограми, како и за оние кои сакаат да го одржуваат своето тело и телесна тежина во добра кондиција. Со оваа програма може да ослабете од 1,5 кг. до 3 кг. во период од една недела, со тоа што ќе ја задржите мускулната маса, а ќе се ослободите од масните наслаги.


Преку оваа ниско калорична храна, загарантирано внесувате 100% од витамините, минералите и сите хранливи состојки кои му се потребни на телото. Додатно, nuMe исхраната го пролонгира чувството на ситост и ја намалува потребата за често внесување на храна.


Асортиманот на продуктите на nuMe е надополнет со мултифункционален шејкер во кој може да ги миксирате супите и шејковите за слабеење и да си ги подготвите кремастите и вкусни оброци. Спакувани се во повеќенаменски модерни пакувања, изработени од еколошки материјал кој не ја загадува околината.


Вашата трансформација е поддржана од план кој содржи: вежби, упатства, како и мотивациски план кој Ве води низ Вашето nuMe патување, се до исполнувањето на Вашата цел.

Со вистинската програма и желба за успех, ниеден сон не е преголем или невозможен. NuMe е концепт кој го менува животот на луѓето и нивната перцепција за (не)возможното.




Спонзорирани линкови

Маркетинг