Кинеската полиција користи очила со технологија за препознавање на лице

Точка

09/02/2018

16:10

1.924

Големина на фонт

а а а

Кинеската полиција започна да користи специјални очила за сонце кои што од „обичните“ се разликуваат по тоа што имаат вградена технологија за препознавање на лице.

Очилата станале дел од стандардната опрема на кинеската полиција задолжена за надзор. Станува збор за очила за сонце кои што имаат напредна технологија за препознавање на лице.

Моментално очилата се во фаза на тестирање на железничките станици во градот Женгжу каде што полицијата ги користи за „скенирање“ на патниците. Станува збор за период кога има голем метежи густ сообраќај во пресрет на Кинеската нова година.


Од кинеската полиција соопштија дека со помош на специјалните очила полицајците откриле седум лица осомничени за извршени тешки кривични дела, по што веднаш биле уапсени. Исто така, биле откриени 26 лица кои што патувале користејќи лажен идентитет.

Кина веќе подолго време вложува во напредни технологии за следење и развој на вештачка интелигенција за идентификација на лица, како и дигитално следење на одредени лица во градовите ширум државата.


Се проценува дека во Кина до 2020-та година ќе бидат поставени неверојатни 600 милиони безбедносни камери.

Очилата се развиваат во градот Женгжу, а ги произведува компанијата LLVision Technology Co. со седиште во кинескиот главен град Пекинг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг