Близок соработник на Елон Маск: "Заборавете на парите и интелигенцијата, еве што е потребно за успех"

Точка

09/02/2018

13:17

3.904

Големина на фонт

а а а

За успех ви е потребно повеќе од пари и памет. Според еден од основачите на вселенската агенција "SpaceX", тие две компоненти се само мал дел од големиот успех, пренесува "CNBC".

"Интелигенцијата е повеќе алат кој ви овозможува успех, отколку што е сама состојка на успехот", напишал на "Quori" Џим Кантрел, еден од соосновачите на компанијата "SpaceX" на милијардерот Елон Маск. 

Маск во вторникот успешно во вселената го пратил својот електричен автомобил "Tesla Roadster", на најмоќната некогаш изградена ракета. "Ако лансирањето успее, тоа е крајот на играта за сите други ракети од тешка категорија", предвидел Маск на прес конференција во понеделникот.

Зад Кантрел е долгогодишно искуство во советување на милијардери и технолошки компании, меѓу кои е и Елон Маск. Поради тоа има вистински увид во тоа што на луѓето им е навистина потребно на патот до успехот.

Според Кантрел, успехот се темели на "една единствена формула", односно три работи околу кои се согласуваат и Бил Гејтс, Марк Кубан и Џеф Безос.

1. Страст

Кантрел ве советува да се занимавате со тоа околу кое сте страствени. "Без страст вашата работа не е ваша љубов и никогаш нема да може да го остварите својот потенцијал ниту да биде подобри од другите кои се препуштаат на својата страст", пишува Кантрел.

Другите успешни луѓе се согласуваат со него. "Ако имате среќа, додека сте млади ќе ја пронајдете вашата страст. Јас ја пронајдов кога имав 13. години. Ги пронајдов компјутерите и софтверот", рекол Бил Гејтс.

Страста на Гејтс довела до создавање на Microsoft кој денес вреди 507,7 милијарди долари. Гејтс моментално е втор најбогат човек на светот.

2. Талент

"Го правите тоа во што сте добри", вели Кантрел. Ако животот го минете работејќи тешка работа која не ви оди најдобро, ќе ве надминат поталентираните колеги.

И милијардерот Марк Кјубан се согласува дека токму талентот и напорот водат кон успех. Кјубан својата компанија за компјутерско советување Microsolutions во 1990. година ја продал за 6 милиони долари.

Кјубан денес тежи 3,3 милијарди долари и вели: "Ако нешто ви оди, страстни сте и вложувате дополнителни напор за да станете најдобри, ќе ви се случат добри работи".

3. Вредност

Ако никој не ја сака вашата идеја, таа не вреди ништо, вели Кантрел. "Работете нешто со создава вредност и што може да се продаде на сегашниот или идните пазари", советува тој.

"Вие сте можеби задоволни со својот производ или услуга, но ако никој друг не ги сака, нема да се збогатите ниту да дојдете до сопствен или деловен успех", пишува Кантрел.

Таа формула му донела успех и на основачот на Амазон, Џеф Безос. Безос на корисниците им понудил услуга која знаеле да ја ценат: широк спектар на производи на интернет платформа до која може да се пристапи од сопствената фотелја.

Амазон на почетокот продавал книги, потоа музика, а Безос после тоа одлучил да ги послуша купувачите и нивните желби. Им го понудил на купувачите тоа што го ценат и тоа што се подготвени да го платат.

"Развиваме нови вештини внатре во компанијата за да можеме да ги задоволиме идните потреби на клиентите", вели Безос. "Секогаш сме сконцентрирани на корисниците", додава. Формулата очигледно е успешна.

Кантрел нагласува дека парите и интелигенцијата не се клучен фактор на неговата листа. "Доколку ги додадете овие три наведени елементи во животот ќе биде многу успешни и парите ќе дојде сами од себе", порачува Кантрел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг