Инстаграм приказна на Лилика Стрезоска: Инспирација наоѓам во просторот каде што тлеат неискажани зборови помеѓу две личности

Точка

09/02/2018

11:58

3.906

Големина на фонт

а а а

Денес повторно Ви раскажуваме една од инстаграм приказните на нашите омилени инстаграмџии. Ве водиме во светот на Лилика, која низ своите фотографии ги овековечува моментите од животите на луѓето кои се само навидум обични.

Лилика Стрезоска по вокација е лингвист, но често можете да ја видите наоколу на повеќето културни настани низ градот. Секогаш скриена зад фотоапаратот, вешто ги лови миговите од навидум обичното секојдневие на навидум обичните луѓе. Својата прва самостојна изложба насловена „5 минути“ ја има во 2015-та година во Скопје, но исто така била дел од многу групни изложби. Со фотографија се занимава од 2010-та година и сака да чува животни приказни. Oтсекогаш преферирала црно-бела фотографија, ја сака суптилноста на тоновите кои се провлекуваат низ неа и како истата Ве тера да ја гледате поразлично од онаа во боја. Инспирација наоѓа во просторот каде што тлеат неискажани зборови помеѓу две личности.

1. My little dark age

Насловот на фотографијата доаѓа од песната на MGMT- Little dark age. Имено, не поминува ден, а да не ја слушнеме песната кога сме заедно со Иван. Секој човек наидува на оние„темни“ периоди во животот, во кој се плаши и не може да се скрие од мрачните чувства. Токму оваа фотографија е пресек на oна што е разликата меѓу состојба на умот и она што се обидуваме да го претставиме на надворешниот свет.


2. The thought of you slipping through the cracks of my hands

Можеби и автопортрет кој најдобро ја опишува мојата состојба во изминатите две години. Се сеќавам колку бев во паника што не можев да си ги средам мислите кои со брзина на светлината ме окупираа.


3. She’d give me toothaches just from kissin' me

Најубавите дружби секогаш биле на пролет. Најубавите средби секогаш биле ненадејни. Нема нешто што повеќе ме радува доловување на момент, кој го препознаваш и знаеш дека ќе биде добра фотографија. Интимноста која секогаш ја барав, се разви веднаш.


4. Our days and nights are perfumed with obsession

Навистина е тешко да се живее со себе, бидејќи сметаме дека можеме да направиме подобро.

Но, често, како што живееме со фотографиите, сфаќаме дека има еден момент во нив што го занемаруваме поради некоја вознемиреност што сме ја имале со себе во тоа време.


5. In my head I do everything right

Оваа фотографија е од една драга личност, која ја запознав во Амстердам. Таа недела беше крајот на моето патување и бев потоната во бескрајна имагинација.





Спонзорирани линкови

Маркетинг