Нешто сосема поинакво: Нисан го преработи 370Z Roadster во „санка“ од соништата

Точка

07/02/2018

18:30

1.150

Големина на фонт

а а а

Со темелната преработка на моделот 370Z Roadster, Нисан доби концептно возило кое што ќе биде претставено на Саемот за автомобили во Чикаго кој што ќе се одржува од 10-ти до 19-ти февруари.

Конечниот производ кој што се крие зад називот 370Zki всушност е моторна санка која што „под хаубата“ има 3,7-литарски V6 мотор со 7-степен автоматски менувач кој што развива сила од 332 коњски сили.

„370Zki ја продолжува нашата традиција на претставување на концепти на зимски возила. Со оглед на натпреварувачкото наследство од моделот Z, за нас 370Zki е природна комбинација“, објаснија од Нисан.

Максимално поединставнето, природната комбинација на моќ и адаптирање на сосема поинакви услови на патиштата, значи дека Нисан на моделот 370Z Roadster на местото на предните две тркала му постави санки, а на задните две тркала има гасеници.


Сето тоа е реализирано откако претходно е отстранет погонскиот систем и секако, доработен задниот дел поради висината на гасениците, а поради предните санки, предниот дел е подигнат за 7,5 сантиметри.

Понатаму, модифицирани се сопирачките, предната осовина, како и издувниот систем со цел да се постигнат максимални перформанси на снег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг