Моментот на спасувањето од куќата на ужасот: Објавено е видео од извлекувањето на 13-те деца кои со години биле заробени

Точка

23/01/2018

16:14

4.121

Големина на фонт

а а а

Полицајците упаднале во домот на семејството Турпин во Перис во Калифорнија и од таму успеале да извлечат 13 заробени деца. Родителите биле уапсени, откако 13-годишната ќерка побегнала преку прозорецот и ја повикала полицијата.

Дејвид Ален Турпин и неговата соруга Луиза Турпин од малиот град Перис во Калифорнија, југоисточно од Лос Анџелес, минатата седмица беа обвинети за злоставување на 13 деца.

Приказната за нечовечкиот однос на родителите кон своите деца кои што со години ги чувале заробени и изложени на физичко и психичко малтретирање, го потресе целиот свет. Денес се појави видео снимка од полициското спасување на децата од „куќата на ужасот“ како што беше наречен домот насемјеството Турпин во американските медиуми.

Полицајците упаднале во домот на семејството и успеале да ги извлечат децата, а нивните родители биле уапсени. На снимката може да се види како полицајците ги носат на раце некои од децата, додека останатите сами истрчуваат од куќата.

Монструозниот пар минатата седмица се појави пред судот каде што сега се соочува со обвиненија за изгладнување и измачување на 13 деца. Како што пренесуваат американските медиуми, тие им дозволувале на децата да се тушираат еднаш годишно, никогаш не ги однеле на забар, а често ги врзувале за креветите. Таткото бил исто така обвинет за полов напад врз своето малолетно дете.

Родителите пред судот се изјасниле дека не се виновни, а доколку биде докажано спротивното, тие се соочуваат со затворска казна од 94 години.

Полицајците кои што упаднале во домот на ова семејство откриле дека некои од децата биле врзани со ланци, а окружниот судија Мајк Хестрин изјавил дека 17-годишното девојче две години го планирало бегството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг