Колумбијката се соочува со обвинение дека затајувала данок, ѝ се заканува затворска казна

Точка

23/01/2018

17:40

2.693

Големина на фонт

а а а

Сескапилната Шакира е жртва на нов скандал. Овој пат не се разботи за нејзиниот брак со Пиќе, туку пејачката се соочува со обвинение дека затајувала данок. Шпанската даночна служба се сомнева дека Шакира префрлила три милиони долари на сметка во Малта и нејзиното име со појави во аферата "Рајски документи". Покрај неа, во аферата се појавуваат и други звучни имиња како кралицата Елизабета II, Луис Хамилтон и Мадона.

Адвокатите им се обратиле на шпанските власти, бидејќи Шакира живеела во Малта од 2011 до 2014 година. Од извештајот на овластените лица кој треба да излезе ќе се дознае дали против пејачката ќе се покрене тужба, а покрај финансискиот пенал, неа ѝ се заканува и казна затвор. 


"Ова е погрешна проценка, а не обид за измама на власта", велат нејзините блиски соработници. Пејачката веќе ангажирала адвокати, а таа сè уште се нема огласено во јавноста во врска со овој случај.

Моментално, колумбијката живее во Шпанија заедно со својот сопруг, фудбалерот Жерард Пиќе кој игра за фудбалскиот клуб "Барселона".




Спонзорирани линкови

Маркетинг