Неколку совети за како да го уредите малиот тоалет

Точка

22/01/2018

21:30

3.540

Големина на фонт

а а а

Денес за вас одбравме неколку помалку просторни тоалети со навистина импресивни внатрешни дизајни, каде дизајнерите на најдобар можен начин го искористиле просторот со различни комбинации на опрема за тоалет. Исто така, најголема улога играат и плочките, нешто за кое денес најмногу ќе обрнеме внимание.

Светлото и големината на просторот се два параметри на кои треба особено да се обрне внимание кога се уредува тоалетот. Плочките со посветли нијанси на бои и светлите ѕидови ќе го зголемат просторот, секако доколку сакате да создадете една пријатна амтосфера. Идеален избор за позадината се плочките во беж боја, светло сина, светло сива или розова боја. Овие нијанси можете да ги комбинирате со детали и украси направени од хром. 


Големината на плочките, исто така, игра значајна улога во создавањето на посакуваниот амбиент. Во помалите тоалети, можете да одберете поголеми плочки, бидејќи малите плочки визуелно го намалуваат просторот.


Не е морално целиот ѕид да се прекрие со плочки, односно горниот дел можете да го оставите и да го обоите во еднобојна боја или да поставите некоја живописна слика со материјал кој ќе биде отпорен на влага.

Класичната и поскромната плочка може да изгледа доста елегантно доколку се искористи со фуга во боја, совпаѓање кое може да се постигни со бојата на ѕидот и бојата на фугата.





Спонзорирани линкови

Маркетинг