Точка препорачува: Топ-5 филмови кои вреди да ги гледате неделава

Точка

22/01/2018

17:10

7.979

Големина на фонт

а а а

Неретко се наоѓате во момент кога сакате да погледнете добар филм, да се опуштите во домашна атмосфера и да си дозволите да доживеете ново искуство кое може да Ви го понуди само добро филмско сценарио. Минути, а понекогаш знаеме да изгубиме и часови во потрага по добра приказна и често да се разочараме бидејќи ниедна не ни „фаќа око“. Ние ќе Ви предложиме 5 одлични филмови и ќе Ве оставиме да уживате во овие 5 инспиративни приказни без да губите време во потрага по истите.

1. The chessplayer (2017) / IMDB: 6.2

Во екот на Граѓанската војна, се раѓа нова љубов помеѓу Диего Падиља, шпанскиот шампион во шах и француската новинарка Мариен Латур. Кон крајот на војната, Мариен го убедува Диего да заминат и да живеат во Франција. По краток период, Нацистите ќе го обвинат Диего за шпионажа и поради тоа ќе биде притворен во затворот на Шуцштафел. Во затворот, во многу непријатно опкружување тој успева да преживее со помош на Полковникот Маиер кој исто така има голема пасија за шахот, но сепак е многу хедонистички настроен и важи за многу непредвидлив човек. Кристалниот минимализам на овој филм е главен мотив поради кој го дефинираме како ремекдело кое мајсторски ја раскажува оваа универзална, а сепак посебна приказна.

2. Call Me by Your Name (2017) / IMDB: 8.3

Call Me by Your Name, приказна за прва, сензуална и возвишена љубов. Во северна Италија, летото 1983 година, 17-годишниот Елио започнува врска со Оливер. Оливер е асистентот кој работи со таткото на Елио на некое истражување. Елио е наклонет кон Оливер најмногу поради неговата сексуална заводливост, како и нивното Еврејско потекло и привлечните Италијански пејсажи кои ја зачинуваат нивната врска. Оваа сторија е исполнета со чиста сензуалност и емоција, која можете да ја доживеете низ очите на овие карактери, да ја вкусите преку нивните усти и да ги почувствувате најинтензивните чувства.

3. Three Billboards Outside Ebbing, Missouri (2017) / IMDB: 8.3

Овој филм ја раскажува приказната за опстанокот во едно мало градче и го отсликува не толку убавиот живот на една мајка која е принудена да ги земе конците во свои раце и самоиницијативно да ги поттикне локалните власти да го решат случајот за убиството на нејзината ќерка. Загушена од нејзиниот гнев, токму во моментот кога тие не успеваат да го фатат злосторникот, таа ја подига свеста за неуспешната истрага од страна на полицијата и се бори за правда. Three Billboards Outside Ebbing, Missouri се закити со 4 награди на овогодинешните Златни Глобуси, вклучувајки и награда за најдобро филмско остварување - драма.

4. Dunkirk (2017)/ IMDB: 8.1

Здружени војници од Белгија, Франција и Британската Империја се опкружени од германската војска. Филмот ја опишува нивната евакуација и обидот за бегство од окупацијата на Нацистите во Втората светска војна. На Кристофер Нолан му припаѓаат 7 од 250-те најдобри филмови според IMDB, а според критичарите, овој филм е веројатно и неговото најдобро остварување до сега. Можеби навидум изгледа дека овој филм не нуди друга емоција покрај стравот и конфузијата со која се соочуваат карактерите, а ние ќе Ви кажеме дека Нолан со оваа приказна и тоа како ќе ги предизвика Вашите сетила и ќе ги разбуди Вашите емоции.

5. The Shape of Water (2017) / IMDB: 7.9

Guillermo del Toro сеуште верува во магијата на филмовите. Тој, веројатно подобро од било кој друг, разбира дека гледачите сакаат за мечтаат за нешто поголемо од реалноста и токму тоа уживање ни го овозможува со неговите филмови. Неговите филмови ни ги будат сетилата на повеќе нивоа, меѓутоа може да кажеме дека неговиот последен The Shape of Water е досега негова најкомплексна и најдлабока приказна. Овој филм ја освои наградата Златен Лав на Венецијанскиот филмски фестивал. Станува збор за тајна истражувачка организација во 1950 година. Приказната зборува за домарот на објектот на оваа организација и врската која тој ја воспоставува со суштество кое е држено во заробеништво од истата организација. Овој филм ќе Ве натера да посакате повторно да го гледате во истиот момент кога тој ќе заврши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг