Кетрин Зета Џоунс во одбрана на својот сопруг откако беше обвинет за сексуално малтретирање

Точка

20/01/2018

20:44

6.608

Големина на фонт

а а а

Откако американскиот глумец, Мајкл Даглас беше обвинет за сексуално малтретирање, неговата сопруга Кетрин Зета Џоунс застана во негова заштита и ги разјасни сите сомнежи. Сепак, според изразот на нејзиното лице, медиумите тврдат дека овој период не ѝ е баш лесен.

Познатиот глумец Мајкл Даглас се најде во средина на секс скандал во почетокот на овој месец, односно кога негова вработена во продуцентската компанија го обвини глумецот дека пред 30 години тој мастурбирал пред неа.  

"Тоа дека сум мастурбирал пред мојата вработена е чиста лага и измислица, тука воопшто нема вистина", рекол тој и додал дека таа жена му рекла на новинарот дека "Даглас никогаш не ја допрел и не ја малтретирал на тој начин".


Оваа приказна заврши на сите насловни страни на познатите магазини, а јавноста била шокирана со уште една приказна за сексуално насилство, темата која во моментот е најактуелна во Холивуд.

Иако досега не се изјаснувала во медиумите, неговата сопруга, глумицата Кетрин Зета Џоунс јасно изјавила во едно интервју дека нејзиниот сопруг и таа се придружиле на проектот #metoo и ги негирала сите гласини за Мајкл.


"Мојата реакција е дека две личности кои се во шоу бизнисот, тој подолго од мене, го поддржува овој проект многу повеќе од било кој, јас како жена, а тој како маж", вели Кетрин.

Кога ја прашале за гласините околку секс скандалот поврзани со нејзиниот сопруг Мајкл, гулимцата рекла дека во соопштението е кажано сè: "Тој напиша сосема јасно соопштение, зад кое стои самиот тој. Не можам да давам детали за нешто што е поврзано со него".


48 годишната глумица била позитивна и со оптимистички зборови ги охрабрува жените да продолжат да се држат заедно.

"Гледаме промени за кои најверојатно требаше да помине подолг период за да започне да се зборува. Ова е неверојатно време за жените и навистина сакам сите да запомнат колку сме силни".




Спонзорирани линкови

Маркетинг