Во затвор умрел член на Кју Клукс Клан, познат по ѕверското убиство од 1964. година

Точка

13/01/2018

14:18

1.735

Големина на фонт

а а а

Едгар Реј Килен, припадник на Кју Клукс Клан, осуден за убиството на тројца активисти за граѓански права во 1964. година во Мисисипи, умрел во затвор, соопштила вчера американската затворска служба.

Килен, кој следната седмица ќе наполнел 93 години, умрел во четвртокот навечер во затворската болница во Мисисипи. Се верува дека умрел од природна смрт, а точната причина ќе биде позната по обдукцијата. 

Тој издржувал 60-годишна затворска казна поради убиството на Џејмс Чени, Ендру Гудман и Мајкл Шернер.

Осуден бил дури во 2005. година, 41 година по тројното убиство за кое не се покајал на суд. Според транскриптот од судењето и документите на ФБИ, тој имал клучна улога во планирањето на убиството на активистите.

Убиството на тројцата активисти било покажано во филмот на Алан Паркер - "Мисисипи во пламен" од 1988. година.

Убиството се случило на 21. јуни 1964. година, кога од Њујорк во Мисисипи пристигнале тројцата активисти, двајца Евреи и еден Афроамериканец, за да му помогнат на црното население околу гласањето. Автомобил со нивните тела бил пронајден во мочуриште, а иако Килен го признал убиството уште тогаш, пресудата била донесена многу години подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг