Добредојдовте во 21. век: На Саудијките за прв пат им е дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревар

Точка

13/01/2018

11:30

877

Големина на фонт

а а а

„Денес за прв пат ќе одиме на стадион, далеку од телевизиските екрани кои што не можат да ја дадат целосната слика и не можат да ни ја пренесат навивачкта атмосфера“.

Жените во Саудиска Арабија добија дозвола да гледаат фудбалски натпревари на стадионите, а ова е најновата одлука на властите од Ријад во целта што е можно повеќе да го „отворат општеството“ за сите.

Ариј Ал-Гамди со години навивала за својата фудбалска екипа - Ал Ахли, пред телевизиските екрани во својот дом. Од вчера, таа конечно можела да ја бодри екипата од трибините во оваа ултра-конзервативна муслиманска земја.


„Дојдов на стадионот со мојот татко и брат. Сите сме навивачи на Ал-Ахли. Денес за прв пат ќе одиме на стадион, далеку од телевизиските екрани кои што не можат да ја дадат целосната слика и не можат да ни ја пренесат навивачкта атмосфера“, изјавила оваа студентка за тамошните медиуми.

Првите навивачки пристигнале на стадионот речиси два часа пред почетокот на натпреварот од саудиската професионална лига помеѓу Ал-Ахли и Ал-Бати. Инаку, од јуни 2017-та година, саудиските жени добија дозвола и за возење на автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг