Челси и дефинитивно може да остане без Конте

Дерби

12/01/2018

22:10

1.443

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот стратег, Антонио Конте не ја отфрла можноста по крајот на оваа сезона да го напушти тимот на Челси со кого лани ја освои титулата во Премиер лигата.

Оваа информација веќа ја објави „Дејли Меил“ кој посочи дека „сините“ веќе пикирале двајца кандидати кои би го наследиле Конте на клупата и тоа се сегашниот предводник на Јувентус, Масимилијано Алегри и поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике.

-Имам уште една година од договорот, ама во фудбалот се е возможно, -порача Конте.

-Нашата работа е тешка зошто се може да се промени за кратко време. Тука започнавме голема работа, потребно е време да ја подобрите вашата работа. Во фудбалот е тешко да се остане во ист клуб подолго време, особено во Англија. Порано менаџерите биле во еден клуб подолго време, сега се брзо се ослободуваат од тренерите. Ние зборуваме за останување во Челси, ама историјата на клубот е јасна, нормално е медиумите да говорат за клубот и неговиот тренер, -истакнал Конте со што само дополнително ги подгреа информациите за неговото заминување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг