Миркуловски: Желни сме да направиме нешто повеќе, утре мора да победиме!

Дерби

12/01/2018

21:30

801

Големина на фонт

а а а

Македонија утре го стартува своето ново учество на големите турнири и тоа на Европското првенство во Хрватска каде за прв ривал ќе ја имаме селекцијата на Словенија предводена од Веселин Вујовиќ.

Со Словенците добро се познаваме, во последниве години со нив редовно ги одмеруваме силите дали на пријателски мечеви или на шампионатите, па еден од најискусните играчи во нашиот табор Филип Миркуловски верува оти можеме да го земеме скалпот на бронзената селекција од последниот мундијал.

– Одработивме добри подготовки и подготвени сме за првиот натпревар. Сите сме здрави и тоа е најважното во пресрет на овој натпревар. Словенија е нашиот прв противник, тие се во улога на фаворити, бронзени се од последното СП и тоа ги прави условно поквалитетен тим од нас. Но, тие се послаби отколку на првенството во Франција со оглед на тоа дека им се повредени неколку играчи и нема да бидат во истиот состав. Но, тоа не значи дека ќе биде полесен натпреварот. Прв меч, натпревар што може многу значи за двете репрезентации. За нас конкрентно, овој меч е шанса да освоиме бодови што понатаму ќе играат голема улога. Желни сме да направиме повеќе од досега и за таа цел утре мораме да победиме-порача големиот борец Миркуловски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг