Мина по трансферот во Барселона: Ова е неопислива гордост, подготвен сум…

Дерби

12/01/2018

20:40

878

Големина на фонт

а а а

Колумбискиот репрезентативец, Џери Мина конечно е член на Барселона и тоа откако лидерот во шпанската Примера се договори со Палмеирас.

За него беа издвоени 11,8 милиони евра и тој ќе биде уште една опција, свежа крв за тренерот Ернесто Валверде кој дефинитивно ќе остане без услугите на Хавиер Маскерано кој ќе летне во Кина.

Мина сосема очекувано од возбуден и среќен по раализацијата на трансферот, а тоа најдобро може да се забележи по неговите први изјави по преселбата на „Камп Ноу“.

– За мене ова е извор на неопислива гордост да бидам тука, бидејќи секогаш сум сонувал за ова и сега се отвори шанса да дојдам и бидам со асови како Меси, Пике, Умтити, Маскерано, сите. Се надевам од сите ќе научам по нешто и ќе освојувам трофеи, -рече Мина и притоа додаде:

-Барселона е добар и компактен тим. Тие го имаат поседот на топката и се најдобар тим на светот. Се надевам ќе учам, играм и освојувам трофеи-тоа е најважно, -рече стоперот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг