Аривабене: Ни треба повеќе за да го победиме Мерцедес

КРУГ.МК

12/01/2018

19:30

457

Големина на фонт

а а а

Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене смета дека екипата мора да најде начин да ги подобри своите перформанси со цел да го победи Мерцедес годинава. Иако имаа многу успешна 2017 година, италијанците завршија на 2ро место во конструкторскиот поредок, а Фетел исто така загуби титула од Хамилтон.

Сепак, по трката во Монако во Мај, Скудерија беше на прво место во двата поредока, но проблемите и грешките по летната пауза им ги загубија титулите.

„Морам да им честитам на Мерцедес затоа што победија и ги заслужија двете титули. Следната година ќе дадеме се од себе за да се подобриме и да ги победиме“, изјави Аривабене.

Маурицио е дециден дека ја научиле лекцијата од тоа што им се случуваше во вториот дел на 2017 година.

„На средина од сезоната бевме жедни, а на крајот на сезоната пиевме вода затоа што имавме главоболка. Тоа е едноставно заклучокот од сезоната.

Знам дека сите во екипата максимално се трудеа, добро работеа, но одредени работи не ни одеа од рака и во наша корист“.

Себастијан Фетел победи на 5 трки оваа сезона и беше многу поуспешен од Кими Раиконен кој не успеа да стигне до триумф лани, но и покрај тоа Скудерија се реши да му го продолжи договорот и за оваа сезона. Маурицио смета дека финецот годинава ќе биде под притисок да покаже што може поради вербата која ја покажале кон него.

„Можеби се работи за местото од каде гледаде на работите или фактот што некои други удираат во неговиот болид, но реалноста е дека поените се тие што отсликуваат колку успешна сезона имал секој возач.

Јас не верувам во среќа и покрај тоа што сум италијанец. Верувам на фактите, а во Формула 1 фактите се поените. Добрата или лоша среќа нема врска со тоа.

Задоволни сме со перформансите на Кими во спротивно не би му го продолжувале договорот уште една цела година“, заврши Аривабене.



Спонзорирани линкови

Маркетинг