Kia се пофали со електричниот концепт Niro: Атрактивниот SUV пристигнува веќе оваа година

Точка

12/01/2018

18:30

1.853

Големина на фонт

а а а

Kia го изложи концептот Niro EV на Саемот за потрошувачка електроника "CES" кој што се одржува во Лас Вегас.

Нов чекор кон електрификацијата на Kia е претставувањето на електричниот SUV Niro EV концепт на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас.

Во однос на продукцискиот хибрид, аеродинамичната каросерија на концептот ја нема класичната решетка - со оглед на тоа што нема потреба од ладење на моторот. Таа во овој случај е заменета со интерактивен екран, а самиот редизајн се проширува и кон светлата, браниците и задниот дел.


Кога станува збор за внатрешноста, таму владее минимализмот, автомобилот е опремен со нови технологии кои што реагираат на гестот на возачот со цел да се унапреди неговата интеракција со Niro EV.

Автомобилот ќе биде опремен со електричен мотор со сила од 150 kW и ќе развива 201 коњски сили. Литиум-полимер батериите со капацитет од 64 kWh и ќе овозможат Niro EV да има автономија на возење од околу 380 километри со едно полнење.


Меѓу новостите, вреди да се истакне дека Niro EV ќе биде опремен со APWS технологија, односно систем кој со комбинација на предните камери, технологијата за препознавање на објекти, светлосен систем и звучници, ќе ги предупредува пешаците на доаѓањето на автомобилот. Исто така, тука е и HMI (Human-Machine Interface) системот за препознавање на гласот и лицето на возачот, со што автомобилот автоматски ќе го подесува седиштето, воланот и другите функции во зависност од претходно поставените поставки на возачот.

Kia Niro EV на пазарот би требало да се појави кон крајот на оваа година, а тоа е дел од планот на производителот до 2025-та година во својата гама да има 16 електрични возила кои ќе користат некој вид на електричен погон, од кои во понудата ќе има пет целосно електрични автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг