Спектакуларниот грабеж во Париз не е дело на Пинк Пантерите? Еве кој детаљ открил дека не се работи за познатата банда

Точка

12/01/2018

19:34

3.127

Големина на фонт

а а а

Француските инспектори, по повод грабежот на накитот во парискиот хотел "Риц", ќе ја разгледуваат теоријата за тоа дали за истиот е одговорна бандата "Пинк Пантер", додека британските медиуми констатираат дека оваа акција не била во нивниот стил.

Петмина маскирани крадци, вооружени со секири и огнено оружје, украле накит вреден околу 4,5 милиони евра. 

Француски Figaro, повикувајќи се на сведоци на грабежот кој се одиграл во средата навечер, наведува дека крадците пукале при "застрашувачката акција".

Полицијата претходно објавила дека биле уапсени тројца од петмината крадци, а според најновите информации, пронајден е сиот украден накит.

Преостанатиот украден накит бил пронајден во торбата која ја оставил еден од крадците.

И додека француските медиуми пишуваат дека сценариото на грабежот потсетува на делувањето на бандата "Пинк Пантер", британските велат дека овој грабеж не е во нивен стил.


Британските медиуми наведуваат дека "Пантерите" се познати по тоа што користат брзи спортски автомобили, а не мотори, како и дека своите акции ги планираат до најситниот детаљ.

Се истакнува дека би било многу необично ако тројца "Пантери" бидат уапсени при грабежот.

Еден од напаѓачите ја фрлил торбата со накит и својата секира кога неговиот мотор удрил во пешак при бегството.

Накитот е пронајден меѓу остатоците на скршениот излог во текот на ноќното чистење.

Луксузниот хотел "Риц" со пет ѕвезди е сместен во првиот дистрикт во Париз, на десниот брег на реката Сена, веднаш покрај зградата на министерството за правда.

Хотелот во својот состав има шопинг галерија кај задниот влез, каде се наоѓаат пет продавници и 95 витрини со накит, часовници и луксузна гардероба.

Бандата "Пинк Пантер" се смета за одговорна за повеќе од 200 грабежи во Европ, Азија и Америка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг