"Снимавме сцена со оргија, Џејмс Франко ја тргна пластичната заштита од мојата вагина и продолжи по свое..."

Точка

12/01/2018

19:16

23.036

Големина на фонт

а а а

Откако една од актерките пред неколку месеци го обвинила својот познат колега, неколку актерки продолжуваат да откриваат шокантни детали за соработката со Џејмс Франко.

Сара Титер Каплан тврди дека во текот на снимањето на секс сцена, Франко се однесувал непрофесионално и ги минал границите. 

Таа тврди дека снимала сцена со оргија со Франко и уште неколку актерки и дека тој, кога дошла на ред за снимање сцената во која тој орално ја задоволува, ја тргнал пластичната заштита која актерите ја носат на гениталиите при снимањето на такви сцени, и продолжил да снима и работи по свое..

Сега вели дека мислела дека мора да молчи за нејзината кариера да не тргне по надолен пат.

По сите обвиненија се огласил и Франко, кој тврди дека ниедна од тие информации не е вистинита и дека неговиот правен тим ќе реагира.

Се почнало само ден откако Франко освоил Златен глобус. Тој го предизвикал бесот кај Сара Титер Каплан, затоа што актерот ја поддржал еднаквоста на половите и борбата против сексуалното злоставување, а според актерката, тој кон своите колешки се однесува тотално поразлично.


"Еј Џејмс Франко, го носеше тој убав беџ на доделувањата на Златните глобуси. Се сеќаваш ли дека пред неколку недели ми кажа дека мојата целосна голотија, на која ме натера во два твои филмови за 100 долари по ден, не е злоставување бидејќи потпишав договор? На тоа истече времето!", напишала актерката и комичарка Сара Титер Каплан.

Поддршка добила и од актерката Вајолет Пејли.

"Добар беџ Франко. Се сеќаваш ли кога во автомобилот ја турна мојата глава кон твојот пенис, или кога ја покани мојата пријателка во хотел иако имаше само 17 години", напишала Вајолет на Твитер.

Од друга страна, фановите на Франко ја нападнале Сара Тител Каплан, дека на овој начин сака да стекне слава.

"Го немам тој луксуз да можам да добивам работи. Кога не си славна, туку само сакаш да изградиш кариера, не можеш да си дозволиш преговарање. Тој е славен актер и со еден потег може да ја уништи мојата кариера, да прошири гласини дека сум неблагодарна. И никогаш повеќе да не добијам шанса. Мора да работам, мора да јадам", рекла Сара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг