Брижит Макрон во издание во какво не сме ја виделе!

Fashionel.mk

12/01/2018

16:49

4.514

Големина на фонт

а а а

Брижит Макрон од „Вог“ е прогласена за најдобро облечена жена. Жената што првин се најде на удар на јавноста, сега е една од омилените, посебно во модните кругови.

Својот несекојдневен стил за прва дама и доминацијата на “милитари“ капутите и палтата се нејзина препознатливост. 

Каде и да се појави предизвикува внимание и со појавата и со стилот, а така беше и во неодамнешната посета во Кина. 


Таа и нејзиниот сопруг Емануел Макрон беа во тридневна посета на Кина, а за таа пригода Брижит направи вистинско мало модно шоу. 

Сепак, она што најмногу изненади е нејзиното појавување во долга црвена тоалета, издание во кое не ја гледаме често.


Фустаните над колена, панталоните и палтата овој пат ги замени со елегантна креација со сребрени детали и ги воодушеви сите и Кинезите, но и останатата светска јавност. 

Креацијата е со потпис на „Луј Витон“, бренд на која таа му останува верна. Во првото големо интервју како прва дама за францускиот „Ел“ изјави дека не е љубител на долгите здолништа. 


„Носам здолништа над колена, но не и мини здолништа. Кога бев помлада, навистина сакав да носам мини. Тогаш одевме во крајност, од премногу куси до долги здолништа. Еден ден, баба ми ме виде како носам долго здолниште и ми кажа: „Господе, изгледаш како стара баба“. И никогаш веќе не облеков такво нешто“, изјави Макрон тогаш. 

Затоа, ваквото издание беше уште поголемо изненадување. Факт е дека добро изгледа во вакви изданија и би било добро и почесто да ги носи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг