КСС најави протест, Владата ги покани на средба

Макфакс

12/01/2018

16:22

660

Големина на фонт

а а а

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најави дека в среда ќе протестира, по што од Владата информираа дека испратиле покана за средба до нив.

„И покрај нашите јавно изнесени ставови и покрај многуте реакции од меѓународните синдикати и укажување за кршењето на законите и конвенциите на Меѓународната организација на трудот ратификувани во Собранието на Р.Македонија, кои се обврзувачки, и покрај нашиот најавен протест на 17.01.2018 година, за кој ги известивме и Владата на РМ и надлежните министерства и понатаму продолжува молкот, игнорирањето, дискриминацијата, притисоци, отпушатња од работа, но не и одговорност да се седне на маса со репрезентативните синдикати и да се разговара и изнајде решение за нашите легитимни барања за подобрување на стандардот на вработените во јавниот сектор согласно законите и колективните договори“, изјави Благоја Ралповски.

Тој рече дека остануваат на одлуката на 17 јануари да одржат протест пред платото на Владата на РМ, со почеток во 5 минути до 12 часот и поставија барање најдоцна до 16 јануари да имаат средба со претставници на Владата.

По ова, од Владата информираа дека е испратена покана до КСС.

„Утрово, Владата преку кабинетот на вицепремиерката Шекеринска, електронски и телефонски упати покана за средба со претставници на КСС. Поканата е за состанок на 16.01.2018 година (вторник) во 11 часот, во просториите на Владата на Република Македонија, на која што заеднички ќе се разгледаат и ќе се дискутираат решенија за сите отворени прашања“, соопшти Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг