„Тајм“ повторно го нападна Трамп: Ја запалија неговата глава на насловната страница

Точка

12/01/2018

16:14

815

Големина на фонт

а а а

Популариот магазин „Тајм“ на насловната страница го стави претседателот на САД, Доналд Трамп, но овој пат „ја запали“ неговата глава.

Трамп на насловната страница на „Тајм“ е прикажан како вика и притоа очигледно е дека неговата глава гори, додека е напишано „Година прва“, алудирајќи на првата година од неговиот мандат.

Очигледно е дека насловната страница на „Тајм“ е инспирирана од книгата која што предизвика голем скандал во САД, наречена „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“ во која што авторот Мајкл Волф изнесе низа на контроверзни информации во врска со Трамп и неговата администрација.

Инаку, њујоршкиот магазин „Тајм“ е основан во 1923-та година и станува збор за еден од најугледните и највлијателните магазини на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг