Поранешниот прв човек на Холивуд "добил шамари" сред ресторан

Точка

12/01/2018

13:19

5.047

Големина на фонт

а а а

Филмскиот продуцент кој бил обвинет дека со години сексуално вознемирувал актерки и соработнички, одбил да повика полиција, иако бил физички нападнат во јавност од непознат маж.

Харви Вајнштајн добил шамари сред ресторан во Скотсдејл, град во Аризона. 

Харви, продуцент и некогашен прв човек во Холивуд, кој од десеттина актерки бил обвинет за сексуално вознемирување, прво во ресторанот добил два шамари, за по излегувањето од ресторанот да биде и тепан од истиот напаѓач.

Како што пишува TMZ, Харви во вторникот на 9-ти јануари вечерал во ресторанот "Елементс" во Скотсдејл, кога момче со име Стив му пришло за да се фотографира со него.

Стив изјавил дека Вајнштајн многу непријатно го одбил, додека менаџерот на ресторанот рекол дека тоа не е вистина, односно дека продуцентот бил многу љубезен при одбивањето.

Стив и Вајнштајн седнале на своите места, но на ексклузивната снимка се гледа што се случило во 21 часот, кога тргнале да заминат од ресторанот. Иако менаџерот рекол дека раката на Стив не го допрела лицето на Харви, јасно се гледа дека Стив два пати го удира Вајнштајн во лице, велејќи му дека е обично "го*но" и "да се губи од ресторанот".

Како што се наведува, Стив пред ресторанот дополнително го удирал Вајнштајн, кој одбил да се јави во полиција.

Потсетуваме, Харви Вајнштајн по жестоките обвиненија за сексуално вознемирување, на 4-ти ноември 2017-тата година засекогаш бил исклучен од Академијата за филмски уметности, која ја доделува најпрестижната филмска награда Оскар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг