Жена се бори за живот откако ја удрил автомобил на патот Тетово-Јажинце

Макфакс

12/01/2018

12:43

542

Големина на фонт

а а а

На регионалниот пат Тетово-Јажинце синоќа околу 22.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С. (39) од с. Џепчиште, удрило во пешак Ќ.С.(56) од с. Џепчиште.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.С., која била пренесена во тетовската клиничка болница од каде што по укажаната лекарска помош била префрлена на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг