Австриски министер со нацистички речник: Бегалците треба да бидат „концентрирани“ во големи центри

Точка

12/01/2018

09:42

780

Големина на фонт

а а а

Австриската десница зема се поголем замав во државата, откако шест министри на ултрадесничарската „ФПО“ се најдоа во владата на конзервативниот премиер Себастијан Курц.

Кога новинарите го запрашаа да го објасни неговиот предлог да ги „држи барателите на азил концентрирани на едно место“, министерот Кикл демантираше дека со изјавата сакал да упати било каква провокација.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл се најде на удар на европските либерали поради употребата на нацистичкиот речник при објаснувањето дека бегалците кои што се во Австрија треба да бидат „концентрирани“ во поглеми бегалски центри.


Левичарите и либералите изразија неверување поради речникот на австрискиот министер кој што инаку е член на десничарската партија „ФПО“ кој според нив, алудирал на националсоцијалистичките логори од времето на Втората светска војна.

„Оваа намерна фраза не ги пробуди само стравовите кај луѓето, туку е недозволив начин на гледање на најмрачниот период од нашата историја“, изјави Мариа Василакоу од партијата на Зелените која што е заменик градоначалник на австриската престолнина Виена.

На конференцијата за медиуми во Виена, Кикл објасни дека преместувањето од малите, децентрализирани сместувања во поголеми центри за барателите на азил, на властите ќе им овозможи побрзо да ги разгледаат нивните барања и додаде дека тоа ќе ја зголеми безбедноста во Австрија.


„Мислам дека фразата не е само лапсус со оглед на тоа што министерот за внатрешни работи е познат по тоа дека си игра со зборови и рими“, изјави Стефани Криспер од либералната партија Неос.

Новата влада на Себастијан Курц во која што учествува и десничарската „ФПО“ која што има шест министри, пред изборите вети дека ќе заземе поцврст став кон миграцијата. Тврдејќи дека мигрантите претставуваат опасност по безбедноста на државата, Австрија ќе го намали бројот на илегални влегувања во земјата на нула.



Спонзорирани линкови

Маркетинг