Со 69 гласа „за“ донесен законот за употреба на јазиците

Макфакс

11/01/2018

13:21

4.817

Големина на фонт

а а а

Со мнозинство на гласови, Собранието го изгласа законот за употреба на јазиците. Вкупно 69 пратеници гласаа „за“, без ниту еден против или воздржан. Од другите етнички заедници, освен македонската, вкупно 27 пратеници гласаа „за“.

Предлог-законот за употреба на јазиците содржи 25 члена. Тој предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.

Законот сега треба да оди на потпис кај Претседателот Иванов. Доколку тој не го потпише, а има такви најави, тој повторно се враќа во Собранието. По повторното изгласување, Претседателот мора да го стави својот потпис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг