Дали е ова новата Лада Нива? Се појавија фотографии кои ги воодушевија фановите на рускиот џип

Точка

10/01/2018

18:40

7.531

Големина на фонт

а а а

Наследникот на легендарниот џип Лада Нива кој што е прилично популарен и во Македонија, се очекува да биде претставен веќе идната година.

Информацијата не е нова, а за наследникот на „неуништливата“ Лада Нива, односно Лада 4х4 која што „АвтоВАЗ“ и натаму ја произведува, често може да се слушне по нешто, но сега интересен „рендер“ започна да се шири на интернет.

Деновиве се појавија нови фотографии од можниот изглед на новата верзија на популарниот руски автомобил со три врати кој што започна да се произведува во 1977-ма година.


Руските медиуми за автомобилизам шпекулираат дека ова би можел да биде изгледот на „модерната“ Лада 4х4, а засега е познато дека речиси сигурно новиот џип ќе биде „изграден“ на платформата која што се користи за Duster на Dacia.




Спонзорирани линкови

Маркетинг