Разоткривање на новиот Audi Q8

Точка

09/01/2018

17:20

2.709

Големина на фонт

а а а

Од Audi одлучија да симнат поголем дел од „камуфлажата“ на новиот Q8 и да откријат како ќе изгледа надворешноста на новиот SUV.

Новиот SUV на Audi е фотографиран за време на тестовите со минимална заштита од фотографите кои што не испуштија да направат серија на фотографии и да ни го откријат изгледот на новиот модел во гамата на германскиот производител на автомобили.

Германскиот производител сепак сакаше да сокрие некои детали, па затоа се сокриени задните светла кои веројатно се протегаат низ целиот заден дел од автомобилот, слично како на концептот претставен минатата година .


Генерално, дизајнот е инспириран од концептот кој што беше претстаен на Саемот за автомобили во Детроит на почетокот на минатата година. Исто така, од Ауди не го открија целосно предниот дел од автомобилот кој има делумно замаскирани светла и браник.

Audi Q8 е всушност спортската и луксузна верзија на Audi Q7 со спортски линии на купе и помалку конзервативен. Моторизацијата најверојатно ќе биде превземена од новиот А8, а се претпоставува дека врвот на понудата ќе биде RS Q8 верзијата.


Премиерата на продукцискиот Audi Q8 се очекува да биде во првата половина од оваа година, а автомобилот секако да биде изложен на некој од предстојните најголеми автомобилски саеми ширмум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг