Многу ѕвезди не би се осудиле на овој чекор: Хајди се фотографирала за насловна без грам шминка и предизвикала лавина коментари

Точка

09/01/2018

14:47

12.306

Големина на фонт

а а а

Германската манекенка позирала во природно издание во најновиот број на германскиот магазин "Harper's Bazaar".

Хајди Клум е една од најпосакуваните жени на денешницата, а многумина би рекле и дека е една од најубавите жени на светот. Познатата манекенка се нашла на насловната страна на германското издание на списанието "Harpers' Bazaar", а тоа што е интересно е дека таа позирала за насловната без грам шминка. 

"Без шминка. Се чувствувам слободно", напишала Хајди и ја објавила фотографијата.

Секако, фотографијата предизвикала многу коментари кои во главно биле позитивни. "Ми се допаѓа. Природна убавина", биле само некои од коментарите.

Тоа што е сигуирно, е дека многу други не би се одлучиле да позираат без шминка за насловната страна за некое списание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг