Кој е вашиот вкус за филмови?

Точка

09/01/2018

10:54

10.028

Големина на фонт

а а а

Можеби за многумина дождот и студот најдобро одат во комбинација со чај, но сигурно не е мал бројот и на оние кои повеќе сакаат да ги комбинираат со добар филм или серија.

Има ли подобро нешто од вечер или викенд поминат под ќебе со филмски маратон или нова сезона од серијалот што долго сте го чекале? Ако се уште немате листа со филмски наслови, би можеле да ви го олесниме изборот со неколку тематски предлози.  


Можете на пример да одберете филмови само со вашиот омилен актер, актерка или режисер, едноставно впишувајќи го името на познатиот филмски сајт IMDB. Или организирајте вечер на Оскари, па бирајте само филмови кои добиле Оскар за најдобар филм. Интересна опција за избор се и филмови кои обработуваат теми поврзани со животни, историски филмови, базирани на вистинити приказни, филмови со зборот ЉУБОВ во насловот или со најмногу домати на познатата интернет страна Rotten Tomatoes.

А, зошто да не и посветите една вечер и на македонската кинематографија, па да ги погледнете филмовите од домашна продукција кои сте ги пропуштиле. Навистина има што да се погледне.

Но, што е филмска вечер без грицки? Кога веќе ви помогнавме околу изборот на теми, дозволете ни да ви препорачаме и вкусна и здрава замена за популарната, но нездрава занимација пред ТВ.


Go Nutri интегралните крекери на Виталиа можат да бидат одлично друштво за гледање филм. Изборот е навистина голем и вкусен. Пред да се пикнете под ќебе, тркнете до најблиската продавница и снабдете се со овесни крекери со семе од сусам лен и оригано, или со мешан зеленчук и семки од тиква. Но, и варијантите со босилек, маслинки и пармезан совршено се вклопуваат со кој било филмски жанр.

Ако не ви се погоди филмот, барем сами погодете си го вкусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг