Говор кој ја шокираше јавноста: По освоениот Златен глобус, им се заблагодари на сопругата и љубовницата

Точка

08/01/2018

13:36

10.940

Големина на фонт

а а а

Еван Мекгрегор вчеравечер доби Златен глобус за најдобар актер, за улогата во серијата “Fargo”, а за неговиот победнички говор зборува целиот интернет.

Имено, познатиот актер за едно од најголемите достигнувања во својата кариера ѝ се заблагодари на својата жена Ив Мавракис, но и на Мери Елизабет Винстед, актерката поради која ја напушта сопругата. 

“Сакам да ѝ се заблагодарам на Ив која беше покрај мене 22 години и на нашите деца”, изјавил Мекгрегор, а во продолжение на говорот ја споменал и Мери со која ја изневерувал сопругата и поради која се разведува од неа.

Мекгрегор е во брак со Ив Мавракис од 1995 година и со неа има четири деца. Неодамна тој ги шокираше своите фанови, но и сопругата кога изјави дека се заљубил во својата соработничка Елизабет Винстед на филмскиот сет и дека сака развод.


По неговиот говор, Твитер “експлодираше” од објави, а на никого не му е јасно како е можно во истиот говор да ја спомене својата жена и децата, но и својата љубовница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг