(18+) Во надреални пејзажи претставено човечкото голо тело

Точка

27/12/2017

22:00

11.521

Големина на фонт

а а а

Интимно и разнобојно, суровини и романтика се карактеристиките на првата соло изложба на Кејт Белм. За неа фотографијата претставува можност да се забележи светот и да се воспостави однос со природните чуда во него.

Нејзината прва изложба се нарекува Night Sky Rising, која ја истражува дивата убавина на природата со надреалното. Од идилични пејзажи до слободни актови, секоја фотографија ви дава една подлабока хипнотичка перспектива. 


Во моментот кога во светот владеат тензии, оваа Британка понуди ескапизам на духот, (склоност кон барање засолниште од реалноста преку мечтаење) на слободата, младоста и природата кој многу често е изгубен или заборавен.

"Најважните чувства кои сакам да ги прикажам преку мојата работа е чувството на слободата и можноста да се живее со малку, а да се постигне многу", пренесува vice.rs.


"Моето омилено дело е она каде мојот сопруг Едгар со скејтборд се движи покрај океанот во Мексико. Тоа претставува чувство на вистинска слобода која ме присилува да продолжам да патувам, да запознавам луѓе и да се тестирам самата себè. Ако ништо друго, можам барем да ги инспирирам другите луѓе да го направат истото", вели Кејт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг