Најдобрите атлетичари ширум светот позираа за календар, а срцето ќе ви чука побрзо откако ќе ги погледнете фотографиите

Точка

18/12/2017

20:30

13.645

Големина на фонт

а а а

Лондонскиот фотограф и поранешната биатлонистка Доминика Кјуда ги собраа крос фит шампионите, балерините, јавачите на коњ и други спортисти и спортистки за да ги документираат нивните добро изградени тела за најатрактивниот календар со хуманитарни цели.

Овој проект се снимал на неколку локации во Варшава, Полска. Кога фотографиите ќе се соберат, ќе формираат еден вид на странски дневник од 300 страни, вклучувајќи потсетник за 2018 година, каде ќе можете да си ги внесете вашите фитнес програми и она што сакате да го постигнете, односно вашите цели за следната година како и постигнатите резултати.


Продажбата на календарот ќе придонесе за Едногодишниот фонд кој ги поддржува младите спортисти кои немаат доволно средства за да се снабдат со обукви и спортска опрема.


"Стигнуваме до најдобрите и најсмелите, им помагаме да останат на добар пат и ги мотивираме да ги постигнат своите зацртани цели", вели Кјуда. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг