Google воведува строги правила за Андроид апликациите: Нема повеќе неовластено собирање на кориснички податоци

Точка

12/12/2017

15:11

870

Големина на фонт

а а а

Милионите апликации кои што можат да се најдат на „виртуелната продавница“ Google Play им задаваат се поголеми проблеми на челниците на интернет гигантот.

Колку и да се трудат да ги забранат или избришат апликациите кои што собираат кориснички податоци без нивно одобрување, во Google се свесни дека мора нешто да променат за колку-толку да ги заштитат своите корисници.

Поради тоа Google одлучи да воведе сет на дополнителни правила за програмерите на Андроид апликациите со назив "Unwanted Software Policy for Android devices". Како што најавуваат, од следната година секој корисник на Андроид ќе добие предупредување ако биде забележано неовластено ракување со неговите податоци како што се корисничкото име, бројот на телефонот или e-mail адресата.


Од Google велат дека мнозинството злонамерни апликации имаат една или повеќе заеднички основни карактеристики. Тие најчесто се спакувани во „пакет“ и нивната присутност не е истакната.

Се собираат и испраќаат приватни податоци без знаење на корисникот. Тешко е да бидат одстранети. Предизвикуваат проблеми на уредот на кои што се инсталирани. Не ги откриваат своите можности на корисникот. Ветуваат нешто што не можат да исполнат.


Секоја апликација ќе мора да го извести корисникот за начинот на кој што ги собира и користи приватните податоци на корисниците. Освен тоа, корисникот сам ќе мора да го одобри користењето и собирањето на податоци кои што нема да се директно поврзани со функционалноста на апликациите, или авторите ќе мора да објаснат зошто им требаат тие податоци и за што ќе ги користат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг