Nvidia ја претстави најмоќната графичка карта на светот: Цена - 2,999 долари

Точка

11/12/2017

19:01

2.876

Големина на фонт

а а а

Nvidia ја претстави најмоќната графичка карта која што е направена некогаш - нејзиниот назив е Titan V.

Станува збор за првата графичка карта на светот која што е центрирана околу Волта архитектурата. Сепак, многумина се сомневаат дека оваа графичка карта ќе има голем успех во продажбата, затоа што иако нуди неверојатни перформанси, сепак најголем проблем е цената која што изнесува 2,999 долари.

Од Nvidia тврдат дека графичката карта е дизајнирана за научни симулации и истражувања околу вештачката интелигенција, па можеме да замислиме само какви перформанси ќе нуди кога станува збор за светот на гејмингот.

Titan V поседува неверојатни 21 милијарда транзистори, 12 GB HBM2 меморија, 5120 CUDA јадра и 640 Tensor јадра.

„Нашата цел беше да ги пробиеме надворешните можности на графичките картички. Со новата архитектура и процесорите, ние поставивме нови темели. Titan V заминува во рацете на истражувачитеи едвај чекам да видам што ќе пронајдат научниците со помош на оваа графичка карта“, изјави директорот на Nvidia, Јенсен Хуанг.

Засега нема информации околу тоа кога оваа графичка карта ќе биде пуштена во продажба за лична употреба, односно за гејмерите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг