Големи промени во Полска: Шидло си поднесе оставка, Моравијецки ќе биде новиот премиер

Точка

07/12/2017

22:54

1.172

Големина на фонт

а а а

Владеачката полска конзервативна партија соопшти дека премиерката Беата Шидло си поднесе оставка. На чело на полската влада ќе биде сегашниот министер за финансии Матеуш Моравијецки.

Портпаролката на партијата "Право и Правда", Беата Мазурек ја соопшти веста вечерва. Таа наведува дека Шидло си поднела оставка за време на состанокот кој се одржaлa во седиштето на партијата во Варшава. Сепак, партиското раководство сака таа да биде на друга важна позиција во владата, но портпаролката не прецизирала за која функција станува збор. 


Во Варшава со недели се шпекулирало дека лидерот на партијата, Јарослав Качињски би можел да биде следниот премиер, но полските медиуми пишувале дека новиот шеф би можел да биде и Моравијецки.

Беата Шидло пред два дена објавила твит со кој се наговестувало нејзиното заминување од функцијата.


"Без разлика на сè, Полска е најважна. Таа е онаа која се грижи за семејството и вредностите и која е безбедна, која се базира на темелите на христијанските вредности, толерантна и отворена, модерна и амбициозна. Тоа е мојата земја. Пример за Европа и Светот. Тоа е она што сме ние полјаците", напишала Шидло на својот Твитер профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг