Велика Британија ќе ги ликвидира своите борци во ИСИС: "Мртов терорист не може да ни наштети"

Точка

07/12/2017

18:44

2.808

Големина на фонт

а а а

Британските граѓани кои се борат за организацијата "Исламска Држава", мора да бидат лоцирани и ликвидирани и не смее да им се дозволи враќање во земјата, рекол во четвртокот новиот британски министер за одбрана, Гавин Вилијамсон за "Daily Mail", пренесува "France Presse".

"Едноставно, мое мислење е дека мртов терорист не може да и наштети на Велика Британија", рекол тој за таблоидот. 

"Мора да направиме се за да ја ослабиме и отстраниме таа закана", додал Вилијамсон.

Бројот на лица со британски пасош кои се борат во Ирак и во Сирија се проценува дека изнесува околу 800, меѓу кои 130 биле убиени, околу 400 се вратиле, а околу 270 останале на Блискиот исток.

За тоа прашање на големо се расправа од 2014. година, кога Британецот Мохамед Емвази, познат како Џихади Џон, се појавил на пропагандните видеа на ИСИС, на кои сечел глави на заробеници.

Гавин Вилијамсон, кој минатиот месец станал министер за одбрана, откако Мајкл Фалон поднел оставка под обвинение за недолично однесување кон жени, најавил потрага по борците кои побегнале во други земји, и истакнал дека ќе им биде забрането враќање во Велика Британија.

"Направете се за ниедно место да не биде безбедно за нив, да не можат да одат во друга држава и да ја шират својата омраза и својата култура на смрт", рекол за Daily Mail.

Со новинарот на весникот разговарал неколку часа откако двајца мажи биле изведени пред лондонскиот суд под обвиненија за планирање на напади и убиство на британската премиерка Тереза Меј.




Спонзорирани линкови

Маркетинг