Кривичниот совет ги потврди одлуките за четворица пратеници

Макфакс

07/12/2017

16:36

493

Големина на фонт

а а а

Пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов остануваат во притвор, а Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска во куќен притвор, одлучи Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1.

Како што соопшти судот, постапувајќи по жалбите против решенијата на судија на претходна постапка за определување мерка притвор и мерка куќен притвор, а по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги потврдил во целост решенијата на судија на претходна постапка, со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за К.М. и Љ.А. , како и мерка куќен притвор за Ј.Т и Ж.П.

Во однос на жалбата против решението на судија на претходна постапка за пратеникот Сашо Василевски по донесено решение на советот, јавноста ќе биде дополнително информирана, а во однос на решението на претходна постапка за Љупчо Димовски не е поднесена жалба.

На пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски Собранието во петокот одлучи да им го одземе имунитетот. Шесттемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг