Хорор во Бразил: Убила бремена тинејџерка и ѝ го извадила бебето од стомак, а од нејзиниот мотив замрзнува крвта во вените

Точка

07/12/2017

15:08

6.044

Големина на фонт

а а а

Злосторството како од хорор филм, како што многумина ја опишале оваа трагедија, го потресло Бразил минатите денови.

Во Бразил била уапсена жената обвинета за убиство на тинејџерка која била во осмиот месец од бременоста, што е ужасно самото по себе, меѓутоа методот кој го одбрала за тоа, како и мотивот, сигурно ја вбројуваат при врвот на крвавата листа на најголеми монструми. 

Алин Роберта Фагундес била сосетка на 18-годишната Габриеле Брселос Силва, која ја намамила во својот дом, велејќи и дека ќе и даде стара облека за бебето.

И понудила кафе и сок, во кои ставила средство за зашеметување. Потоа ја задавила тинејџерката, извела царски рез и го извадила бебето.

Трупот на младата девојка бил пронајден во дворот, завиен во душек.

Алин веднаш била уапсена, и признала сè во полициската станица. Рекла дека неодамна имала спонтан абортус во кој изгубила близнаци. Поради тоа партнерот сакал да ја остави, па го лажела дека едно бебе преживеало. Сакала по секоја цена да има бебе. По убиството му се јавила да му каже дека се породува.

За среќа, бебето сепак преживеало и се наоѓа во болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг