Мистериозниот купувач: Откриено е кој дал 450 милиони долари за сликата на Да Винчи и каква врска има тоа со Саудиска Арабија

Точка

07/12/2017

16:30

5.485

Големина на фонт

а а а

Мистериозниот купувач на најскапата слика на светот е саудискиот принц Бадер Бин Абдулах Бин Мохамед Бин Фархан Ал Сауд, кој за „Спасителот на светот“ на Леонардо Да Винчи искешира 450 милиони долари.

Принцот Бадер, подалечен роднина на саудиското кралско семејство, генерално не е познат како колекционер на уметнички дела или како некој со голем извор на богатство.

Претставници на аукциската куќа „Кристис“ се обиделе да го идентификуваат принцот и неговиот извор на финансии пред продажбата, откако дал депозит од 100 милиони долари за да се квалификува за аукцијата. Притиснат, Бадер рекол дека се занимава со недвижнини и дека е еден од 5 илјадите принцови во својата земја.


Како што пренесуваат западните медиуми, Бадер бил пријател и соработник на саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман кој неодамна ѝ објави војна на корупцијата во Саудиска Арабија - уапсени беа стотици членови на кралското семејство, принцови, политичари и истакнати бизнисмени.

Тематиката на сликата „Салватор Мунди“ или „Спасителот на светот“ на која Леонардо Да Винчи го има насликано Исус, како и времето на купувањето (помалку од две седмици после антикорупциските чистки), го отвораат прашањето дали саудискиот принц селективно ги таргетирал луѓето во неговата пресметка со корупцијата.


Иако принцот Бадер не дал коментар, од музејот на Обединетите Арапски Емирати на Твитер објавија дека сликата на Да Винчи пристигнува во „Лувр музејот од Абу Даби“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг